Спокојно и смело до европски Балкан

Точката на тоа помирување, гледано од македонска страна, ја најдов во делот од историјата на двата народа која е навистина заедничка. Верував и сѐ уште верувам дека тоа е вистинскиот пристап кон разрешување на историските недоразбирања, пристап на кој либералните луѓе во Бугарија ќе одговорат со текстови кои би можеле да бидат насловени „Денес сме два различни народи“.

9,582

Предупредувајќи на опасност од вето од Бугарија, пролетоска, ја напишав колумната „Некогаш сме биле еден народ“ и дадов интервју за бугарската телевизија „Европа“.

Искуството низ кое што поминав не може да се опише како критика од домашната јавност, фраза која забележувам се употребува за да се опише реакцијата на општеството на напишаното и кажаното, туку како хистерија, поведение што не ги решава проблемите и нѐ дисквалификува како европска демократија. А сѐ почна со обид да дадам свој придонес во процесот на помирување помеѓу двата народа, со иста посветеност со која, изминативе децении работев на помирувањето со Србите, Албанците или Грците. Точката на тоа помирување, гледано од македонска страна, ја најдов во делот од историјата на двата народа која е навистина заедничка. Верував и сѐ уште верувам дека тоа е вистинскиот пристап кон разрешување на историските недоразбирања, пристап на кој либералните луѓе во Бугарија ќе одговорат со текстови кои би можеле да бидат насловени „Денес сме два различни народи“.






И одговорија токму така, со почит кон нашата посебност. Либералната интелигенција на двете страни од границата знае дека до вистинско помирување помеѓу Македонците и Бугарите ќе дојде кога ние ќе ја славиме заедничката историја а тие нашата посебност, зашто сѐ друго за нас би било од готово да правиме (национална) вересија. Иако таквите луѓе не добиваат избори и не ја формулираат државната политика тие имаат важна задача во двете општества: да работат на создавање психолошка рамка која ќе им помогне на политичарите на двете земји да ги надминат историските бедеми на недоразбирање во нашите умови, создадени од страв, омраза, нетолеранција, предрасуди и супремација на некој врз некого.

Поврзани содржини