СПОКОЈНА СТАРОСТ Пензијата на Меркел ќе биде 15.000 евра

847

Според проценките на Германската асоцијација на даночни обврзници, германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлеќе од функцијата.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар.






Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.

Поврзани содржини