СПОГОДБА СО СУДОТ Пејачот се заканува дека ќе го разоткрие синџирот на познати педофили

Кели наводно тврди дека ќе ги открие имињата на другите јавни личности кои учествуваат во нелегални сексуални дејствија со малолетници.

638

Кон крајот на минатиот месец, пејачот Ар Кели (54) беше прогласен за виновен за повеќекратни обвиненија за силување и трговија со секс, а сега извор близок до пејачот тврди дека планира да соработува со обвинителството и да ги открие имињата на педофилите од музичката индустрија за да ја намали својата затворска казна.

Кели наводно тврди дека ќе ги открие имињата на другите јавни личности кои учествуваат во нелегални сексуални дејствија со малолетници. Меѓу имињата што ги споменува е и еден „планетарно популарен пејач“, но и „познат рапер“.






Кели досега соработуваше со најголемите имиња во музичката индустрија. Близок извор до пејачот наведува дека тој ќе открие сѐ што е потребно поради намалувањето на затворската казна и евентуалното спогодување со обвинителството.

Да потсетиме, американската ар-ен-би sвезда Ар Кели беше прогласен за виновен на 27 септември оваа година во судот во Њујорк за серија сексуални прекршоци, вклучително и долгогодишно водење „систем“ на сексуална експлоатација на млади жени, меѓу кои и малолетнички.

Педесет и четиригодишниот пејач, најпознат по хитот „I Believe I Can Fly“, беше прогласен за виновен и за „трговија со секс“. На Кели му се судеше за изнуда, сексуална експлоатација на малолетници, киднапирање, корупција и принудна работа, во периодот од 1994 до 2018 година.

Судењето траеше пет и пол недели.

Обвинителите рекоа дека Кели ја искористил својата слава и харизма за да ги пронаоѓа жртвите, а меѓу нив некои ги избирал и од својата публика на концертите, со помош на неговата придружба.

 

 

Поврзани содржини