Во сплитско предградие свештеник му се развикал на полицаец кој на празникот Цветници ги замолувал граѓаните да си одат поради мерките за заштита од коранавирусот, објави хрватски Индех.
Доаѓањето на полицијата пред црквата не му се допаднало на свештеникот, а неговото викање е снимено.
– Боже, слушаш ли, казни го на мое барање – викал свештеникот пред црквата на мажот кој е полицаец во цивилка.
– Господ е љубов, а не омраза – се обидувале да го смират свештеникот.
По инцидентот реагирал и надбискупот. Тој разговарал со свештеникот и побарл тој да му се извини на полицаецот за таквото однесување.