СПИСОЦИТЕ В РАКА И НА ПАЗАРУВАЊЕ! Дм Сити Мол нуди 15% попуст и на веќе намалените производи

Дополнително, до 22 февруари со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер за попуст од 15% за вашето следно пазарување во дрогериите во СП Планет - Ѓорче Петров и Поинт ритеил парк во Чаир.

177

Заради реновирање, дрогеријата во ТЦ Сити Мол во период од 23. јануари до 22. февруари оваа година ќе биде затворена. По тој повод, Дм на своите купувачи им нуди попуст од 15% на апсолутно сите, па и на веќе намалените производи! Овие попусти ќе траат од 19. до 22. јануари.

Дополнително, до 22 февруари со секоја сметка во оваа дрогерија ќе добиете ваучер за попуст од 15% за вашето следно пазарење во дрогериите во СП Планет – Ѓорче Петров и Поинт ритеил парк во Чаир.






– Со голема насмевка се присетуваме на отворањето на оваа дрогерија, кое беше пред повеќе од 10 години. Сите кои имаа прилика да присуствуваат на големото отворање, сигурно ја помнат веселата атмосфера, дружбата, но и убавите попусти. Оттогаш, со задоволство велиме дека Дм е синоним за место на кое може да пронајдете сè што ви треба – производи за нега и убавина, органска храна и додатоци во исхрана, нега на бебиња, домаќинство – велат од компанијата.

Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за разубавување! Затоа, списоците во рака и упатете се во Дм во ТЦ Сити Мол на шопинг. Следното пазарување во оваа дрогерија ќе можете да го направите на 23. февруари.

Поврзани содржини