Списоци со ковид заболени на Фејсбук? Не!
Со сета одговорност и ризик да не бидам разбран правилно и добронамерно, мојот став е следниот: Списоци со ковид заболени на јавно на Фејсбук – категорично НЕ, списоци во меѓусебна, информативна размeна, надвор од очите на јавноста – и НЕ и ДА.
Во Црна Гора, при првиот налет на вирусот, дури, од официјално место, се објавуваа списоци на заболените. Подоцна, тоа беше прекинато, како недозоволено и законски казниво кривично дело.
Веќе подолго време се говори дека во Охрид се шират, пренесуваат од еден до друг, списоци на заболени. Неодговорни поединци, ги ширеле и на социјалните мрежи. Обвинителството отворило истрага.
Со сета одговорност и ризик да не бидам разбран правилно и добронамерно, мојот став е следниот: Списоци со ковид заболени на јавно на Фејсбук – категорично НЕ, списоци во меѓусебна, информативна размeна, надвор од очите на јавноста – и НЕ и ДА.
Еве, фотографии од вчера и еве зошто – сум видел некои од тие списоци. На нив сум видел, прочитал имиња и презимиња, на лица кои истиот ден сум ги видел во продавница, една учителка во книжарница…!? Сум видел имиња и презимиња на лекари, кои се исмејувале на тоа што носам маска! И уште подиректнo – од најкомпетентно место, сум се осведочил (а и што да се крие, епидемиолог Јованка Коровешоска за истото апелираше, молеше пред ТВ камери!!!) дека, лица, за кои е утврдено дека се носители, продолжуваат да си одат на работа, како ништо да не било.
Мува не ги лази. Е,па, другарки и другари, дами и господо, каде го гледате нарушувањето на повисокиот јавен интерес? Во тоа што неовластено се пренесува вашето име, или во тоа што вие неовластено, неодговорно и крајно себично се рашетувате по градот?