СПИСАНИЕТО „МАКСИМ“ ОДЛУЧИ Ова е најзгодната жена на светот! (ФОТО)

Австралиското издание на магазинот „Максим“ ја објави својата годишна листа Хот 100 за 2022 година, на која се најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура.

484

Славната актерка Марго Роби има добра причина за славење! Австралиското издание на магазинот „Максим“ ја објави својата годишна листа Хот 100 за 2022 година, на која се најуспешните и најубавите жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. На врвот на нивната листа се најде 32-годишната актерка, чија холивудска кариера продолжува по нагорна патека во пресрет на излегувањето на најновиот филм „Вавилон“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAXIM Australia (@maxim_aus)







Ова е рекорден, третпат Роби да се најде на врвот на „жешките 100“. На второто место е фудбалерката Сем Кер, а трета е Еш Барти. На овој список се најде и поранешниот рагбист Даниел Лејдли, кој го смени полот од машко во женско во 2020 година, но и политичарките Пени Вонг и Анастасија Палашчук.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)

Марго Роби неодамна стана и најплатена глумица во Холивуд за годинава, благодарение на филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг, во којшто глуми покрај Рајан Гослинг како Кен. Според „Варајети“ (Variety), на австралиската актерка ѝ биле исплатени 12,5 милиони долари за овој филм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини