Да не мислите дека на дневна основа раѓам пратеници, па да ги надополнам тие што се болни, рече собранискиот преседател Талат Џафери на денешната прес конференција на која се обиде да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашната седница и зошто се дозволило двајца пратеници позитивни на ковид-19 да влезат во Собранието.
Џафери се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со ковид-19 од ноември минатата година прифатен од државната надлежна комисија и рече дека се консултирал со многу експерти пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците. Двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на парламентот, додаде Џафери.
– Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен, добил пас и ја организиравме конститувната седница . Во моментот кога требаше да ја избереме Владата, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опзицијата да размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата – рече Џафери.
Овој протокол, според претседателот на Собранието, бил претставен на координаторите на пратеничките групи на првата координација и поделен на координаторите.
– Имајќи ги предвид состојбите на 17 ноември 2020 до државната Комисија, односно до Министерството за здравство, поднесов предлог за дополна на Проколот, за да се размисли стручно исто како лицата што се изолирани поради контакт со позитивно лице, а не се згрижени во здравсвени институции, туку се лекуваат дома, доколку здравствената состојба им дозволува да можат по посебен протокол да доаѓаат во Собранието. Добив одговор на 18 ноември со кој што се дополнува претходниот протокол и ги опишува условите под кои треба да се внесат пратениците во Собранието, во посебни простории и дека куполата може тоа да го овозможи и тоа е спроведдено – рече Џафери.
Според него, дополнувањето на протоколот е претставен на координаторите на пратеничките групи на 23 ноември, но во тоа време координаторите на пратеничките групи од опозоцијата поради измената на Деловникот што го пуштил Џафери за одржување онлајн седници не учествувале на средбата. Тој имал дополнителна средба со нив и ги известил за дополнувањето на протоколот.