СПИЈТЕ ДА ВЕ ВИДАМ СО МУЗИКА ОД ПЕТ КАФАНИ ИСТОВРЕМЕНО Урнебесно видео за туристи кои треба да „преживеат“ во Македонија

1,052

Урнебесно видео објавено на Тик Ток во кое туристи кои планираат да дојдат во Македонија бидуваат обучувани како во војска да се штитат од галамата која по цела ноќ излегува од кафаните.

– Мислите дека ова е гласно?! Ова не е ништо. Да ве видам како ќе спиете кога во Македонија ќе ви свири гласна музика од пет различни кафани во исто време! – им вели наредникот на група војници кои се сместени во некаков камп, а притоа плех-оркестар свири во собата.






Наредникот во собата намерно испукува и петарда под нечиј кревет, алудирајќи на буката од петарди што обично се случува за новогодшните и божиќни празници.

Поврзани содржини