СПЕРМАТА ОД ЛОСОС Е НОВОТО ЛУДИЛО НА КОЗМЕТИКАТА ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ Инфлуенсер побара да му вбризгаат дури 700 микро-инекции!?
Популарноста на третманот се зголеми откако познати личности, како Ким Кардашијан и Џенифер Анистон, ја спомнаа оваа постапка.
Во светот на козметичките иновации, третманот со полинуклеотиди (PN), попознат како „сперма од лосос“, привлекува внимание како ексклузивна терапија за подмладување. Овој тренд се појави во рамките на K-beauty – јужнокорејската култура на нега на кожа која се фокусира на комбинација од иновативни технологии, природни состојки и детални процедури за одржување на здрав и младешки изглед на кожата.
Во основата на третманот се пречистени ДНК молекули од лосос, кои телото може безбедно да ги користи за стимулирање на производството на колаген и еластин, подобрување на хидратацијата и регенерација на кожата. Иако името звучи шокантно, во процедурата не се користи „сурова сперма“ – се работи за безбедни и стерилни ДНК фрагменти.

Популарноста на третманот се зголеми откако познати личности, како Ким Кардашијан и Џенифер Анистон, ја спомнаа оваа постапка. Инфлуенсерот Ники Келвин отпатува во Сеул, Јужна Кореја, за да направи терапија со дури 700 микро-инјекции. Во видео на Инстаграм, тој опиша дека постапката започнала со хидратантен третман и маска за лице, а потоа следувале крем за вкочанување и микро-инјекции со ДНК од лосос. Ники призна дека одредени точки биле болни, но не неподносливи, а веднаш по процедурата неговата кожа изгледала грутчесто. По маска и LED третман, една недела подоцна кожата изгледала посвежа и посвежо осветлена.
Според дерматолозите, PN терапијата може да помогне кај дехидрирана кожа, фини линии, уморен тен, поголеми пори, па дури и акни или лузни. Иако третманот не е магично решение и резултатите се различни од лице до лице, научните студии покажуваат дека ДНК фрагментите го активираат обновувањето на фибробластите и ја подобруваат текстурата на кожата.

Ризиците се релативно мали: умерена болка, црвенило или мали грутки кои обично исчезнуваат за 1–2 дена. Сепак, критичарите предупредуваат дека ефектите можат да бидат преценети, и дека терапијата не ги заменува класичните дерматолошки методи како филери или екзосоми.