СПЕЛТА, КРУПНИК ИЛИ ПИРА! Не е тренд, туку враќање на една заборавена здрава намирница
Иако содржи глутен, луѓето немаат толку чести реакции на спелтата како на пченицата. Таа е моќен антиоксидант и има лековити својства. Содржи големи количини на корисни влакна, ензими, минерали, витамини и поголем процент на протеини отколку пченицата. Најважно од сѐ, не поднесува ѓубрење на почвата, поради што можеме да бидеме сигурни дека е чиста и безбедна, без пестициди и хемикалии.
До неодамна спелтата беше релативно заборавена намирница, иако е исклучително здрава и корисна за човечкото тело. Постојат бројни здравствени придобивки што оваа житарка ги носи со себе. Тие вклучуваат забрзување на метаболизмот, регулирање на лачењето на половите хормони, зајакнување на коските, подобрување на имунитетот, намалување на нивото на шеќер во крвта. Последниве години спелтата доживеа целосна рехабилитација.
Инаку, спелтата потекнува од древна Месопотамија, од каде што се раширила низ светот. Кај нас е позната под името крупник или пира. Може да се смета за близок роднина на пченицата, бидејќи и двете потекнуваат од семејството Тритикум (Triticum). Сепак, крупник е всушност многу постар вид, а и денес се одгледува без употреба на пестициди или какви било генетски модификации.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.