СПЕКТАКЛ НА ТРЕВНИКОТ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА, ЌЕ ИМА БОРБА ВО КАФЕЗ Конор Мекгрегор е заинтересиран за настанот, борците ќе се загреваат во претседателската палата

Идејата првично ја предложи претседателот Доналд Трамп на почетокот на јули, Идејата првично ја предложи претседателот Доналд Трамп на почетокот на јули, најавувајќи ја како дел од прославата „America250“. Според него, на историските локалитети низ САД ќе се организираат специјални настани, а УФЦ борбата ќе биде главна атракција за 20.000-25.000 гледачи.

510

Извршниот директор на УФЦ (UFC), Дејна Вајт, потврди дека во 2026 година, по повод 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност, ќе се одржи борба во кафез на Јужниот тревник пред Белата куќа.

– Тоа ќе се случи – изјави Вајт за Волстрит журнал.






Идејата првично ја предложи претседателот Доналд Трамп на почетокот на јули, најавувајќи ја како дел од прославата „America250“. Според него, на историските локалитети низ САД ќе се организираат специјални настани, а УФЦ борбата ќе биде главна атракција за 20.000-25.000 гледачи.

Вајт најави дека настанот најверојатно ќе се пренесува на Си-Би-Ес, во рамки на нов седумгодишен договор вреден 7,7 милијарди долари со Парамонт, кој доаѓа во момент кога истекува актуелниот договор со И-Ес-Пи-Ен, вреден 550 милиони долари годишно.

И покрај логистичките предизвици, со оглед на тоа дека кафезот „Октагон“ тежи над 11 тони – Вајт е решен да го реализира проектот, велејќи дека борците ќе се загреваат во самата Бела куќа. За настанот веќе интерес покажале Конор Мекгрегор и Џон Џоунс.

Поврзани содржини