СПЕЦИЈАЛНА ПОЛИЦИЈА ЈА ЧУВА РАФИНЕРИЈАТА НА „ЛУКОИЛ“ ВО БУГАРИЈА ПРЕД ПРЕЗЕМАЊЕТО Владата ја штити од напади со дронови

Според соопштението од кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, додека Министерството за внатрешни работи спроведува засилени проверки на сите возила што влегуваат во објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.

406

Бугарија ја зајакнува безбедноста на копно, вода и во воздух, вклучително и систем за заштита од дронови, во објектите на „Лукоил“ на нејзина територија, пред планираното преземање на рафинеријата „Нефтохим“ , објавија бугарските медиуми соопштение на владата.

Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) денеска влезе во канцелариите на компаниите на „Лукоил“ во земјата и во рафинеријата во Бургас и започна со инспекции, јавува Бугарското национално радио (БНР).






Според соопштението од кабинетот, во Бургас се распоредени единици на воена полиција и системи против дронови, додека Министерството за внатрешни работи спроведува засилени проверки на сите возила што влегуваат во објектот, вклучително и проверки за експлозивни направи.

– Активностите на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС), Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана (МО) во „Лукоил“ се превентивни по природа со цел да се зачува критичната инфраструктура. Уште пред да бидат воведени санкциите, видовме дека имало инциденти во рафинерии во Европа во сопственост на руски компании, па затоа овие превентивни мерки се насочени кон зачувување на критичната инфраструктура, како што се рафинеријата и другите локации на инженерската инфраструктура на Лукоил – изјави премиерот Росен Жељазков на брифинг за новинарите.

Според Жељазков, Бугарија ќе обезбеди почитување на санкциите со оглед на нивната јасна цел – ниту еден цент не треба да оди во војната во Украина. Законот усвоен во петокот е всушност одговор на ова прашање каква ќе биде правната рамка за спроведување на оваа политика.

Бугарската рафинерија Бургас е од стратешко значење за снабдувањето со гориво во регионот, а властите во Софија стравуваат од можни прекини во синџирите на снабдување доколку операциите на Лукоил бидат целосно затворени.

Министерот за економија Петар Дилов изрази верување дека Бугарија, како и Унгарија, ќе добие ослободување од американските санкции за рафинеријата Лукоил.

Според него, Бугарија, за разлика од Унгарија, не работи со руска нафта повеќе од една година.

Поврзани содржини