СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Нема да лекуваме и ќе протестираме ако биде нападнат еден доктор

Инаку, дел од коментарите на протестот кои беа забележани се дека според дел од граѓаните кои протестираа, докторите биле убијци, а новинарите биле платеници.

621

Протестите против рестриктивните мерки, кои се одржуваа во неколку градови во Македонија, предизвикаа лавина реакции во јавноста, дел од граѓаните ги поддржаа, дел од нив пак остро ги осудија.

Според Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, на протестите имало говор на омраза, каде толпата скандираше „Тие не се доктори, тие се убијци! Убијци, убијци!“, па ги повикаа Лекарската комора и Министерството за здравство да реагираат и да ги заштитат правата на лекарите кои цела пандемија се на првата борбена линија.






– Најостро го осудуваме говорот на омраза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија лекувањето на пациентите болни од ковид-19. Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица – велат од АСМЛ.

Инаку, дел од коментарите на протестот кои беа забележани се дека според дел од граѓаните кои протестираа, докторите биле убијци, а новинарите биле платеници. Според нив, вакцините биле експеримет, се заканија дека ќе продолжат со протести, а доколку се формира Здружение ќе покренат и судски постапки.

Поврзани содржини