Специјалист од Њујорк порачува: Колку порано во болница, толку подобро! (ВИДЕО)

Во интервју за Amanpour and Company, тој објаснува кога треба да се јават во болница оние на кои им е дијагностициран ковид-19.

1,947

Радикален пресврт во пристапот кон болните од ковид-19, кој подразбира строга лекарска контрола на нивото на кислород во крвта и оксигенизација во раната фаза на болеста, предлага д-р Ричард Левитан, специјалист пулмолог кој работи на итни случаи во болница во Њујорк.

Во интервју за Amanpour and Company, тој објаснува кога треба да се јават во болница оние на кои им е дијагностициран ковид-19. Чувството на недостатиг од здив, кога се смета дека состојбата е влошена, е субјективно, зашто е можно пациентот веќе да развил воспаление на белите дробови. Затоа, колку порано под лекарска контрола, толку подобро.






Д-р Левитан предлага широка употреба на пулсоксиметрите кои го покажуваат нивото на кислород во крвта, кое доколку е паднато зборува за потребата од ургентно болничко лекување. Тој укажува и на проблемите поврзани со употребата на механичка вентилација.

Поврзани содржини