СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ЈА „ОКУПИРАА“ СТРУГА Уапсени се дваесетина криминалци
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Во Струга изутринава се спроведува голема полициска акција во која, според првичните информации, уапсени се дваесетина криминалци од страна на специјалци на Министерството за внатрешни работи.
Според неофицијални информации, се апсат осомничени лица во чии домови се пронајдени дрога и оружје, а во акцијата учествуваат и припадници на „Тигар“, Специјалната антитерористичка единица при МВР.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.