СПАСУВАЧИТЕ СТИГНАА ДО РАЈАН Не се знае дали детето е живо ВИДЕО

3,949

Спасувачките екипи попладнево стигнаа до петгодишниот Рајан од Мароко, кој во вторникот паднал во бунар длабок 32 метри.

Спасувачите со денови копале дупка паралелна со бунарот за да го спасат, а со раце ги копале последните три метри за да не направат одрон кој би ги затрупал сите.






Конечно стигнале до момчето кое e, како што јавуваат странските медиуми, неподвижно и е на пат кон болница.

Засега никој не информира дали петгодишното дете е живо, откако цели четири дена тоа минало заглавено во бунарот што се наоѓал пред неговата куќа во селото Игхран

Поврзани содржини