СПАСУВАЧИТЕ ИЗВЛЕКОА ЖИВО ДЕТЕ ПОД ПЛОЧА ОД ДВА ТОНА И кучето Зара трага по исчезнатите во поплавите во Босна

483

Десетици спасувачи од други земји денеска се во најпогодените подрачја во Босна кои беа збришани од катастрофалните поплави. Тимот на Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) од вчера е на терен во потрага по исчезнатите, чиј број се проценува на 15.

„Многумина останаа без сѐ, без куќи и без своите најблиски. Пуштена е во функција целосна механизација. Она што ја отежнува потрагата е дождот. Повторно врне, но во помала мера од вчера.






Единствената добра вест што утрово ја слушнавме од Долна Јабланица е дека момчето кое пожарникарите го извлекле од урнатините и го пренеле во Мостар е живо и здраво.

Покрај него сѐ уште се трага по најмалку 15 лица. Најголем број починати и исчезнати лица има токму во Долна Јабланица. Најмалку 17 загинати, а потрагата по исчезнатите трае со денови, објави ХГСС на својот профил на Фејсбук.

 

Поврзани содржини