Премиерот Оливер Спасовски изјави дека не ја слушнал најновата „бомба“ која денеска беше објавена од разговор меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, но дека за секоја таква објава треба да има постапување од институциите без оглед за кого се работи.
– Секоја состојба којашто има какви било индиции, има институции, има обвинителство, нека покренат постапки, нека ги повикуваат на разговори. Гледам, секој ден имаме докази. И денес слушнав за некоја од тие „бомби“ за финансирање кампањи за опозициски политички партии. Мора да има постапување, без разлика за кого тоа се однесува – рече Спасовски по увидот на градежните работи за спортска училишна сала во ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.