СПАСОВСКИ ЗА НЕЗАВИСНАТА КАНДИДАТУРА НА ДИМИТРИЕВСКИ Таков предизвик во Куманово имало и во минатото
Министерот за внатрешни работи вели дека интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес СДСМ ќе настапи и во Куманово.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски воздржан дали опозицијата ќе добие предност во Куманово поради тоа што актуелниот градоначалник Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура.
– Неколку кандидати не се објавени, бидејќи се завршуваат анализите внатре во партијата. Кога ќе завршиме, ќе ги објавиме кандидатите. Таков предизвик имало во Куманово и во минатото. Секој сам одлучува како ќе постапи. Јас мислам дека семејството, во овој случај. политичкото семејство е пред се. Интересот на градот, на државата треба да биде ѕвезда водилка и со таков интерес ќе настапиме и во Куманово – рече Спасовски за Канал 5.