Спасовски во Шуто Оризари се пофали дека ги вратиле парите кај граѓаните

222

Ги враќаме парите кај граѓаните, помагаме на социјално загрозените граѓани. Нашата цел е достоиствена поддршка преку социјална помош од државата, но и извлекување од сиромаштија. Реализиравме конкретни проекти на дело во овој регион во ИЕ 2, што беше запоставен една деценија за време на режимот, со што покажавме дека се грижиме за сите, рече носителот на листа во Изборната единица 2, Оливер Спасовски кој попладнево е на средби со граѓани од скопската општина Шуто Оризари.

Спасовски се осврна на поддршката на граѓани од општината Шуто Оризари и генерално, во државата.






-Tоа се корисници на гарантиран месечен приход, на детски додаток, на образовен додаток, корисници на социјална пензија кои порано не ја добивале оваа поддршка од државата. Ние социјалната помош ја зголемивме 300 проценти – истакна Спасовски.

Тој зборуваше и за конкретни резултати од мерката „Парите кај граѓаните“. Најави дека мерката продолжува со насочувања на уште повеќе пари кон граѓаните.

– Вкупно 31.906 социјално загрозени домаќинства, заклучно со февруари годинава се ослободени од сметките за струја, тие сметки ги плаќа државата. Ја вративме евтината тарифа на струјата, со што 11 милиони евра остануваат кај граѓаните. Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500, со што секој работник добива по 66.000 денари повеќе пари годишно. Воведовме социјалана пензија за граѓаните кои немаат никаква пензија. 6.747 луѓе земаат социјална пензија од 6.000 денари Минималната плата ќе ја покачиме на 20.000 денари, просечната плата ќе ја покачиме од 22.300 денари на 34.000 денари до крајот на мандатот – најави Спасовски.

Потенцира и дека  е постигната рекордно ниска невработеност и се отворени шанси за нови вработувања.

– Ја намаливме невработеноста за осум проценти, отворивме 71.214 работни места за само една година  – на ВМРО-ДПМНЕ им требаа пет години за тоа, издвоивме 7.8 милиони евра како поддршка за самовработување. Во Шуто Оризари има на овој начин вработени. Издвоивме 660.000 евра за обуки за побарувани занимања. Даваме стипендии за студенти од социјални категори и кои постигнале висок успех. Во Шуто Оризари има доделено такви стипендии – посочи Спасовски кој зборуваше и за инфраструктурата во Шуто Оризари.

 

Поврзани содржини