Владата сѐ уште нема донесено одлука дали вонредната состојба во земјава ќе продолжи и во наредниот период. Премиерот Оливер Спасовски, кој денеска беше на увид во градежните работи на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, вели дека се прават анализи и се проценува врз основа на здравствената состојба.
– Јас апелирам да почекаме ден-два, кога ќе заседава Владата и да се направи проценка дали ќе имаме потреба од нова вонредна состојба и колкава ќе биде – вели Спасовски.
Тој додаде дека се изготвува и извештајот до претседателот Стево Пендаровски, за тоа што е сѐ направено во текот на оваа вонредна состојба. Останува на ставот дека приоритет е пред сѐ, животот и здравјето на граѓаните, а врз основа на тој приоритет ќе ги носат и следните одлуки