Владата ќе преземе чекори за помош на економијата која е под удар на сегашната сотојба со коронавирусот, изјави премиерот Оливер Спасовки во вечарешаното он лајн интервју.
– Оваа состојба е удар и врз економијата и врз целото општество и не е ограничена само на нашата земја. Здравјето и животот на луѓето се над се и пред се и немаат цена. Паралелно со грижата за животот и здравјето на граѓаните, што е врвен приоритет, работиме и на сите други аспекти од општественото живеење, пред се на економијата. Некои мерки се радикални, но се неопходни за да се побрзо да се превенира ширењето на вирусот – кажа Спасовски.
Посочи дека се прават напори за зачувување на економијата и се подготвуваат низа мерки за директна помош.
– Имавме средби со коморите, со гувернерот на Народната банка, за да се согледаат фискалните импликации и да се понудат конкретни мерки – кажа Спасовски.
Како најпогодени сектори ги наведе транспортот, туризмот и угостителството. Најави дека од утре економскиот тим на Владата ќе преземе конкретни чекори со точно дефинирани временски периоди за помош на бизнис секторот.