Спасовски вети 2 милијарди евра за изградба и реконструкција на патна инфраструктура

265

Досега инвестиравме речиси една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфраструктура, а во план е да инвестираме дополнителни две милијарди во следните неколку години, најави денеска премиерот Оливер Спасовски кој заедно со градоначалниците на Општина Гази Баба Борис Георгиевски и на Општина Бутел Велимир Смилевски изврши увид во работите на патот Раштак- Бутел.

– Граѓаните во овој регион најдобро знаат колку години се мачеа да патуваат по еден таков небезбеден пат. Владата преку Агнецијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој даде поддршка за изградба и проширување на патниот правец Раштак-Бутел во должина од пет километри во висина од 16,7 милиони денари. Патот ќе биде проширен со поставена нова асфалтна подлога, а ќе биде изграден и потпорен ѕид – соопшти Спасовски.






Владата ѝ додели 40 милиони денари на Општина Гази Баба за изградба на уште два локални патишта, односно изградба на локален пат од Страшинци кон Виниче во должина од два километра и за изградба на локален пат од основното училиште во село Булачани кон Викенд населба во должина од 1.100 метри.

Поврзани содржини