СТРУКТУРИТЕ СЕ ИСТИ Работеа против НАТО и договор со Грција, сега се против договор со Бугарија

521

Слични структури кои беа против зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, се и против постигнување на договор со Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното интервју на ТВ 21, истакнувајќи дека при остварување на националите интереси на земјава има противници во сите фази.

Тој нагласи дека истото беше и со влезот во НАТО, кога одредени структури, невладини организации и некои политички партии, од разно разни причини директно се спротивставуваа на влезот на Северна Македонија во Алијансата и на Договорот со Грција.






– Нормално постојат и такви кој што работат на целосно кочење на постигнување на каков било договор со Бугарија. Затоа би оставил тоа службите да го одработат на соодветен начин заедно со сите оние кој што се вклучени во процесот. За нас е многу важно ние да имаме отворен дијалог и принципиелен дијалог со Република Бугарија. Принципиелен дијалог што значи дека ги штитиме нашите национални македонски интереси  и притоа да бидеме подготвени да постигнеме компромис кој што ќе значи отворање на вратите за Северна Македонија, за перспективите ЕУ и нашето членство. Меѓутоа, многу јасно да кажеме кои се нашите црвени линии и што е тоа за што не може да се разговара, тука го ставаме идентитетот, јазикот – изјави Спасовски.

Тој истакна дека сите тие што преговарат треба да имаат на ум дека националниот интерес е најважен, а тоа е зачленувањето во ЕУ, бидејќи ние немаме некоја друга алтернатива.

Поврзани содржини