Спасовски: Туристичките агенции и хотели да аплицираат за бескаматните кредити и да дадат плата, ги донесовме уредбите од вториот пакет економски мерки
Работоравачите ќе можат да аплицираат за субвенцијата за работник кој бил ангажиран со цело работно време за кој ќе добие 14,500 денари, а ако работникот работел помалку часови се исплатува сразмерно пониска субвенција.
Туристичките агенции и хотелиерите да аплицираат за бескаматните кредити од Развојната банка за да можат да ги исплатат платите за март.Тие се дел од првиот пакет мерки наменети за компаниите кои први ја почувастввуаа кризата. Ние дополнитлено им помагаме на хотелите и со тоа што го организираме карантирот во дел од нив, рече на денешната прес конференција премиерот Оливер Спасовски.
– Компаниите кои 10 дена од март не работеа во туризмот угостителството и хотелиерството не се изоставени од мерките на владата. За нив отворивме можност да земат кредит со нула процент преку Развојната банка за да можат да ги исплатат платите и придонесите. Големите хотели пак сега е редно профитите да ги споделат со работниците. Но ние и сега им помагаме на хотелите бидејќи дел од луѓето кои ги ставаме во карантин се сместуваат во дел од хотелите – рече Спасовски.
Тој соопшти дека владата ги донесе уредбите од вториот пакет економски мерки со кои се помагаат сите компании и работниците.
– Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за овие мерки,.Ќе се опфатат 250.000 работни места и 35.000 компании.Сумата што ќе ја добијат е 29.000 денари по работник за два месеца, а со втората мерка за субвенционирање на 50 отсто од придонесите ќе бидат опфатени 53.000 осигуреници за кои ќе се исплати 50 отсто од законските придонеси – рече Спасовски.
За првата мерка може да аплицира секое прептријатие кое вработува работници врз основа на вработување и работодавачи кои ангажирале работници преку агенција за приверемени вработувања.
Работоравачите ќе можат да аплицираат за субвенцијата за работник кој бил ангажиран со цело работно време за кој ќе добие 14,500 денари, а ако работникот работел помалку часови се исплатува сразмерно пониска субвенција.
Според уредбата работодавачите треба до 5-ти во месецот да поднесат барање за претходниот месец и тоа треба да го направат електронски алатката е-даноци до УЈП.
Износот од субвенцијата ќе се исплаќа до 13-ти во месецот за претходниот месец. Работодавачот ќе треба да го врати целиот износ, ако не ги исполнил условите што ќе се види по извршена контрола.
За да ги користат овие субвенции работодавачите ќе треба да задржат ист број на вработени до септември и тоа бројот на вработени на определено, неопределено време или вработени на пократко време.
Спасовски информира дека е донесена и уредбата за субвенционирање на придонесите во износ од 50 отсто од потребниот износ за придонесите. Пресметаната сума не може да биде повисоко од придонесите пресметани на просечната плата во земјата во јануари.
Како што рече премиерот, со оваа мерка е планирано да бидат опфатени 53.000 осигуреница, за што се потребни 284.345.000 денари месечно, односно 568.690.000 за субвенционирање на придонесите за месец април и мај 2020 година.
Премиерот посочи дека работодавачите можат да користат само една од двете мерки на владата или да ги користат субвенциите за плата или субвенцијата за придонеси.
Владата ја долеа и Уредба за финансиска подршка за физички лица: занаетчии и извршители на самостојна дејност.
Оваа субвенција ќе се сороведува преку треансакциска сметка на занаетчијата или извршителот на самостојна дејност за април и мај во износ но најмногу до 14.500 денари месечно.