Спасовски: Таргетираното тестирање и саботирањето од Чулев го зголемија бројот на заразени

Во однос на карантинските мерки, Спасовски вели дека не станува збор за доцнење на одлука за нови рестриктивни мерки и дека сите кластери се ставени под контрола

779

Една од главните причини зошто бројот на заразени од коронавирус во последниве денови е во пораст е тоа што луѓето не ги почитуваа докрај забраните за движење и собири. Некои сметаат дека вирусот не постои, дека не е опасен. А, една од клучните работи е што имаше и неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 24.

– Тој јавно најави дека нема да бидат казнувани оние кои ги прекршуваат мерките. Причина за зголемениот број на дијагностицирани е и тоа што се прави таргетирано и масовно тестирање на семејства кои беа зафатени од приватни средби и ифтарски вечери и од конфекциите во Штип. Тоа масовно тестирање придонесе да се зголемува таа бројка, тоа значи дека завршуваат тестирањата во овие неколку дена и се очекува да падне бројот – смета Спасовски.






Техничкиот премиер вели дека системот на здравство и покрај недостатоците функционира и може да се справи и да одговори со капацитетите. Во однос на карантинските мерки, Спасовски вели дека не станува збор за доцнење на одлука за нови рестриктивни мерки.

– Сите кластери се ставени под контрола – рече Спасовски.

Поврзани содржини