СПАСОВСКИ, ШЕКЕРИНСКА, ЗЕЧЕВИЌ, А ПЕНДАРОВСКИ СЕ ДВОУМИ Ќе се води ли жестока битка за претседателски кандидат на СДСМ?
Не можам да знам дали СДСМ и ДУИ сега ќе одат со одвоени кандидати, истакна актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски во гостувањето на ТВ21.
Процесите за избор на кандидат за претседател од СДСМ и натаму не се започнати, па во моментов не можам да знам дали СДСМ и ДУИ ќе одат со заеднички или со одвоени кандидати.
Вака претседателот Стево Пендаровски ги коментира шпекулациите дека СДСМ за свои кандидати за претседател на идните избори ги има Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, актуелниот претседател Стево Пендаровски и партискиот генсек Миле Зечевиќ.
– Со сите овие кои ги споменавте имам одлична соработка, но ако ме прашате мене, според информациите кои ги имам, процесите за кандидат од СДСМ и натаму не се започнати. Јас бев поддржан од ДУИ и од 20-30 помали политички партии, затоа што немаа свој кандидат. Не можам да знам дали СДСМ и ДУИ сега ќе одат со одвоени кандидати – рече Пендаровски во синоќешното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.