Спасовски се пофали со пад на криминалот за 10,8 проценти

Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и потрагите по потерници - напиша министерот

239

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на на својот Фејсбук профил напиша дека криминалот за една година е намален за 10,8 проценти.

– Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100.000 жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100.000 жители, а тоа покажува зголемена проактивност на полицијата. Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и потрагите по потерници – напиша министерот Спасовски.






Поврзани содржини