Спасовски: Почна постапката за издавање еврообврзница
Станува збор за шестгодишна еврообврзница со максимална камата од 4,5 отсто.
Почната е постапката за издавање еврообврзница и очекувам да имаме успех, инзјави денеска премиерот Оливер Спасовски.
– Рано е да кажеме каква е заинтересираноста на инвеститорите за еврообврзницата. Постапката е започната.Денеска се прават сите анализи подготовки и разговори и врз основа на тоа ќе имаме подетални информации. Јас очекувам да имаме успех – рече Спасовски
Станува збор за шестгодишна еврообврзница со максимална камата од 4,5 отсто.
Процесот ќе се заокружи на 3 јуни.
Целата опреција ја водат финансиските институции Сити (БиД), Дојче банк, Ерсте груп и ЈП Морган.
Како што беше најавено земјава еврообврзницата ја издава за да го поддржи буџетот за 2020 и 2021 година и таа ќе биде во износ од 800 милиони евра.