Спасовски: Партиските лидери повторно ќе се сретнат и ќе одлучат дали да се одложат изборите

Во врска со актуелната состојба со коронавирусот, премиерот повторно апелира граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките за заштита и да останат дома.

245

Секако дека лидерите на политичките партии ќе се соберат за да можат заедно да ја донесат одлуката за одложување на изборите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, но не прецизираше дали тоа ќе се случи денеска или утре.

– Сигурно ќе се случи навреме за да се донесе таа одлука. Денеска прво ќе завршиме со Советот за безбедност. И на лидерската средба минатиот пат се договоривме дека сè што ќе произлезе од развојот на ситуацијата, ќе носиме повторно одлуки – истакна Спасовски во изјава за Телевизија 24.






Во врска со актуелната состојба со коронавирусот, премиерот повторно апелира граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките за заштита и да останат дома.

– Апелирам да се почитуваат препораките на Владата, да не се патува, секој да придоенсе за подобрување на состојбата. Да не се групираме, младите да не бараат алтернативни места за собирање, сите да помогнеме, прво на себе, а потоа и на семејствата и на државата – потенцира Спасовски.

Поврзани содржини