Спасовски: Отворањето на границите нема врска со изборите

Оваа одлука за отворање на границите не е во корелација со изборниот процес, туку во однос на проценките на Комисијата за заразни болести - посочи премиерот.

270

Ќе живееме со коронавирусот и со почитувањето на мерките, а отворањето на границите не е во никаква корелација со изборниот процес и не претставува никаква политичка одлука, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

– Отварањето на границите го најавуваме подолго време зависно од анализите на Комисијата за заразни болести, а тоа е врз основа на епидемиолошката анализа која се прави во земјава и во земјите од регионот. Најпрво ЕУ ги отвори границите за своите членки и тие на тој начин функционираат помеѓу себе. Оваа одлука за отворање на границите не е во корелација со изборниот процес, туку во однос на проценките на Комисијата за заразни болести – посочи премиерот.

Поврзани содржини