Спасовски: Олабавувањето на мерките нема да предизвика мигрантски бран

МВР е подготвено максимално да одговори на секој предизвик, но во овој момент нема посериозни индиции оти може да биде зголемен бројот на мигранти кои ќе поминуваат низ територијата на државата и да биде нарушена безбедноста, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

188

Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да одговори на секој предизвик, но во овој момент нема посериозни индиции оти може да биде зголемен бројот на мигранти кои ќе поминуваат низ територијата на државата и да биде нарушена безбедноста.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање дали може олабавувањето на ковид мерките во државата да придонесе за мигрантски бран и зголемен нелегален транспорт на мигранти на територијата на Македонија.






– Од септември месец минатата година ние имаме посебна оперативна акција што се занимава исклучиво со спречувањето на илегалната миграција и дава сериозни резултати во тој дел. Имаме многу ефикасност во делот на одбивањето на таквите илегални обиди. Само минатата недела имаме околу 500 обиди илегални што се одбиени, односно не е дозволен илегален влез на територијата на државата – изјави министерот Спасовски, кој денеска имаше работна средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во Полициската станица „Карпош“.

Спасовски потсети дека од 2015 година на нашата јужна граница се работи на полициска операција заедно со припадници на полициски служби од земјите со кои МВР билатерално соработува, пред се Вишеградската група, Словенија, Унгарија, Србија, Хрватска итн.

Според него, се работи за исклучителна можност заеднички да се учествува во заштита на нашите граници.

Поврзани содржини