Спасовски: Од нас зависи колку ќе трае кризата

310

Никој не може да каже колку ќе трае оваа криза, колку ние ќе бидеме посветени, толку и ќе трае, наше е преку стратегијата и преку помоштта што сега ја даваме  да ги сочуваме компаниите и сите заедно да пробаме да го вратиме животот во нормала, сепак од сите нас зависи колку ќе траат ограничувањата, одговори премиерот Оливер Спасовски на пршање за времетраењето на рестрикивните мерки и излезот од кризата предизввикана од коронавирусот.

Спасовски претходно рече дека пикот на заразата допрва доаѓа, во наредните две недели кога се очекува бројот на заболени да достаса и до 2.500 граѓани, па уште еднаш апелираше да се почитуваат пропишаните мерки.

Поврзани содржини