– Покажуваме дека успеавме да го срушиме режимот и да ја ставиме државата на прав пат. И оттука ќа праќаме пораката – никогаш повеќе режим да ја руши и краде државата. Покажавме дека знаеме да градиме пријателства мостови, институции, инфраструктура, партнерства. Ако излеземе и погледнеме десно ќе го видиме како воксреснува „Космос“, што го рушеше режимот. Тоа беше личен хир на Груевски и Јанакиески. Додека тие рушеа, денес се гради – рече Спасовски.
Кандидатот за пратеник Михамед Зекири пред присутните рече дека една од разликите од владеењето на СДСМ, со претходниот, како што го нарече, „режим“ е тоа што немаше етнички тензии, кои претходно, според него, режимот на тој основ се одржуваше на власт. Зекири се обрати кон гласачите Албанци за кои рече дека слушнал дека ДУИ се заканувал на административците, им порача дека доколку гласаат по нивното убедување нема да им фали влакно на главата.
Носителката на листата во ИЕ 2, Сања Лукаревска рече дека еден од основните столбови на кои што се базира нивната програма за овие парламентарни избори е ред, правда и дисциплина.