Спасовски: ОБСЕ/ОДИХР, ДИК и Комисијата за заразни болести очекуваат датум за избори

Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нѐ информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите“ напиша Спасовски на својот Фејсбук профил. 

600

Ги добивме одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои не информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

– Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста- информира Спасовски.






Државната изборна комисија, цдодава тој,  информира за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија.

„Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нѐ информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите“ напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

 

Поврзани содржини