Спасовски: Ние сме на потег, обновен режим е голема опасност
Да си излеземе на гласање, донесени се сите заштитни протоколи и да си продолжиме по правиот пат зашто сигурноста на нашите деца и на нашата држава е во прашање. Гласаме за број 3 на 15 јули, за Сигурност и ќе има и повеќе и подобро за сите граѓани - порача Спасовски на средбите во Гази Баба.
Носителот на листата на Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 2, Оливер Спасовски денеска на средба со жителите во скопската општина Гази Баба порача дека овие избори се избори на кои се одлучува за иднината на земјата, за сочувување на сигурноста и продолжување на развојната економија и просперитетот.
