Спасовски: Нема основа за нови рестрикции

296

Има опаѓачки бројки во врска со бројот заболени од коид-19. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме. Нема основа за нови рестрикции, доволно е да се почитуваат мерките, рече Оливер Спасовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

– Носиме мерки да помогнеме да не се шири вирусот, работиме на свеста на граѓаните за почитување на мерките. Немаме основа да носиме драстични рестриктивни мерки. Таквите мерки дадоа резултати, сега мерките се таргетирани. Потребно е почитување на мерките, носење маска и држење дистанца – додаде Спасовски.

Тој рече дека лидерот на опозицијата покажал несериозност.

– Мицкоски одеше во теретана, се забавуваше во ресторан, кога тоа не беше препорачано. Важно е да сме одговорни. Дали ние бевме во теретана или ресторан? Ние сме работно ангажирани и тоа е сосема друго – рече Спасовски во емисијата „Само вистина“.
Поврзани содржини