Спасовски нема корона, ама останува во домашна изолација

„Само што ги добив резултатите од денешниот ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација“, напиша Спасовски на ФБ.

358

Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека тестот за коронавирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.

„Само што ги добив резултатите од денешниот ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација“, напиша Спасовски на ФБ.






На сите кои се соочуваат со вирусот тој им посакува брзо оздравување и апелира сите да ги почитуваат мерките, за, како што вели, да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени.

Поврзани содржини