Спасовски: Нема изборна корупција во новите мерки на владата

Ние тргнуваме од тоа дека здравствената криза детерминира криза кај граѓаните, не можат самите себе да си помогнат, туку тоа треба да го прави државата, рече Спасовски

279

Овој пакет на мерки се носи како последица од здравствената криза со ковид-19. Ние имавме избори закажани за 12 април кога немаше ковид-19, кога немаше криза. Зошто тогаш не ги носевме мерките и да кажеме дека ќе донесеме вакви мерки и што ќе им дадеме на граѓаните, изјави премиерот Оливер Спасовски како одговор на обвинувањата дека третиот пакет економски мерки претставува изборна корупција.

Тој, како што рече, смета дека е дозволено  секој да има свое мислење и дозволено е секој да се однесува така како што мисли,  но очекува опозицијата да биде конструктивна.






–  Ако се тргнува од некаква изборна логика, тогаш не е важно кога се одржуваат изборите, треба да се носат вакви мерки. Ние тргнуваме од тоа дека здравствената криза детерминира криза кај граѓаните, не можат самите себе да си помогнат, туку тоа треба да го прави државата и токму заради тоа сега и го правиме во овој момент како директна помош на граѓаните, на стопанството, зачувувањето на работните места, на работниците, односно помош на економијата – рече Спасовски.

Тој посочи дека ова е директна ингеренција и надалежност на владата во креирањето на сопствени политики и носење на одлуки.

Поврзани содржини