Спасовски: Не сум за најстроги блокади, но ако епидемиолозите препорачаат Куманово ќе биде во карантин
Премиерот Оливер Спасовски пред седницата на Кризниот штба на Куманово на која ќе присуствува и тој, изјави дека сите опции се отворени за тоа какви мерки ќе се донесат за таа Општина од целосен карантин до 14-дневно затворање на градот.
– Има повеќе барања од општиснките штабови за спроведување на карантин. Одлуките ги носиме врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите. Сите мерки кои беа донесени се врз основа на тие препораки. Не сум многу приврзаник на најстроги блокади, зошто компарацијата Дебар и Куманово 9.000 и 120.000 жители не е иста, но ќе дискутираме и за овие прашања, за целосно 24-часовно затворање на Куманово. Ако тоа е мерка која ќе ја кажат епидемиолозите ќе ја донесеме и таа мерка. Одлуките ќе ги носиме на влада. Денес затоа сме тука, ќе разговараме, го имаме предвид и предлогот на Општинскиот кризен штаб за14-дневниот карантин за Куманово и ако тоа е најдобрата мерка тоа ќе го направиме – рече Спасовски.