СПАСОВСКИ НЕ СЕ СОГЛАСУВАЛ СО ПРЕДЛОГ-РЕЗОЛУЦИЈАТА НА СДСМ ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА Поради тоа се откажал од позицијата координатор на пратеничката група

Спасовси рече дека, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството.

1

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ затоа што не се согласувал со предлог-резолуцијата на неговата партија за односите со Бугарија, откри самиот Спасовски во инервју за ТВ Сител.

Тој рече дека неговото барање за престанок на оваа функција било поднесено уште кога бил изнесена предлог-реолуцијата и не е поврзано со лошите резултати на СДСМ на лоалните избори. Спасовси рече дека, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството – особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор. Неговите забелешки биле отфрлени, по што тој побарал да не ја извршува повеќе координаторската функција во Собранието.
Со тоа тој ги негираше шпекулациите дека и тој бил зафатен со кадровските промени што ги спроведува претседателот на партијата Венко Филипче, по неуспехот на локалните избори. Исто така се проширија информации дека многу од поранешните функционери на СДСМ не сакале да преземат нови функции и задолженија, што Спасовски исто така го коментираше.






Точно е дека со председателот Филипче имав средба во четири очи, како и со други колеги, како Славјанка Петровска и други од пратеничката група на СДСМ, но не е вистина дека Филипче ни нудел позиции, а ние сме одбиле. Филипче си има средби, како што јас имам во пратеничка група, и заеднички и поединечни, каде се договараат стратегии за седници, што е редовна работа. Власта прави измислици и шпекулира за да ремети со дезинформации – рече Спасовски.

Тој додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до дебакл на последните локални избори.
Поранешниот министер за внатрешни работи смета дека СДСМ може да се подобри само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што се пасивизирале и од партијата и од политиката.

Поврзани содржини