Спасовски: Не можам да разберам како Мицкоски може да посегне по парите во Вториот пензиски столб

957

Владата не може да посегне по Вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

– Не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства. Тоа е исто како сега да кажете сите кои имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови, стои во објавата на премиерот.






Поврзани содржини