Спасовски: Наскоро очекувам договор и одлука за отворање на границите во регионот

298

Премиерот Оливер Спасовски очекува земјите од регионот наскоро да постигнат договор и да донесат одлука за отворање на границите.

Спасовски додаде дека е во постојана комуникација со своите колеги од соседните држави со кои, како што истакна, се разговара за отворање на границите.






– Неодамна напоменав дека одржавме и една конференција која имаше за главна цел токму со справувањето со ковид-19, отворање на границите, отворање на можностите меѓу државите од регионот. Тоа е најважно заради тоа што ако ги отвориме границите, имаме слободен проток на луѓе, стоки, услуги и тогаш економијата ќе доживее своја експанзија. Јас очекувам дека таков договор ќе биде постигнат и наскоро ќе може да носиме одлуки за отворање на границите за целиот овој регион – рече Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Карбинци каде присуствуваше на поставување камен темелник на место викано „Висок врв“.

Поврзани содржини