Спасовски: На владина седница ќе се разговара за можен карантин за Куманово

Големината на градот, опкружувањето, околината и регионот што го опфаќа и најважно ефектите што ќе ги дадат овие мерки, тоа ќе биде основата за носење на овие мерки, рече премиерот.

466

На владина седница ќе се разговара дали ќе биде воведен 14 дневен карантин за Куманово, кажа премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Големината на градот, опкружувањето, околината и регионот што го опфаќа и најважно ефектите што ќе ги дадат овие мерки, тоа ќе биде основата за носење на овие мерки, рече премиерот Спасовски во однос на можниот карантин за Куманово.






На новинарско прашање за почетокот на преговорите со ЕУ, а во врска со ставот на Бугарија за малцинството и македонскиот јазик, премиерот Спасовски одговори дека се наоѓаме во период на подготовка на заедничка седница за одлагање на почеток на преговорите и се усогласува преговарачката рамка и веројатно секако и за овие теми за Бугарија, Владата ќе се усогласи.

– Сепак сметам дека имаме потпишано Договор за добрососедство и пријателство и тоа ќе биде основата на која ќе разговараме помеѓу двете влади и надвор од тој дговор нема да се излезе и во рамки на преговорите со ЕУ, рече Спасовски.

Поврзани содржини