Спасовски: Mерките ќе се намалуваат во три фази, утре се отвораат трговските центри, авто-школите и обложувалниците

Тој додаде дека Владата на денешната седница донела план за попуштање на рестриктивните мерки во три фази.

1,461

Правиме чекор за намалување на рестрикциите, бидејќи сметаме дека ситуацијата е под контрола, а здравствениот систем со полна кондиција постигнува ефикасност во борбата со коронавирусот, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

– Не дозволивме ширење на вирусот, а здравствениот систем со полна кондиција постигнува ефикасност во борбата со заразата. Од Комисијата за заразни болести имаме јасни укажувања дека влегуваме во период кога ќе опадне интензитетот на ширењето на ковид-19, а тоа отвора можност за олабавување на мерките. Одиме многу внимателно и постепено ќе ги намалуваме рестрикциите. Меѓу секоја фаза ќе се одвива преглед и проценка на ситуацијата и ќе се носи одлука дали ќе продолжи олабавувањето на мерките. Сите следни чекори ќе зависат од три критериуми: дали пандемијата е под контрола, дали здравствениот систем може да се справи со состојбата и дали системот може да ги открие и да управува со случаите и да идентификува повторување на случаи – рече Спасовски.






Тој додаде дека Владата на денешната седница донела план за попуштање на рестриктивните мерки во трите фази.

– Првата фаза е тековно дункционирање на стопанските дејности и ограничено движење на граѓаните. Втората фаза е иницијално воспоставување на работните активности, а третата фаза предвидува потполно враќање во работниот процес. Веќе од утре ќе започне да се спроведуваат мерки со нови протоколи за работа, а тоа ќе важи за Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје, за центрите за едукација, обуки и семинари за возрасни, организација на седници и конференции, авто-школи, спортски обложувалници преку шалтер, затворени трговски центри и молови – рече Спасовски.

Тој додаде дека за да се постигне максимална ефикасност и максимална заштита, ќе се применуваат посебно пропишани протоколи за работа на секоја од овие дејности.

– Шопинг центрите ќе работат со скратено работно време, од 10 до 18 часот, освен во недела кога нема да работат, но сè уште ќе важат мерките за ограничување на бројот на лица кои ќе смеат да влезат во објект и дистанца меѓу нив. Од утре можат да почнат со работа и спортските и другите обложувалници преку шалтер – посочи премиерот.

Поврзани содржини