Една опција има на овие избори – тоа е сигурноста што ја обезбедивме и ја гарантираме. И можеме уште повеќе и уште подобро. Направивме пресврт за три години, од режимски систем – во држава којашто напредува.Треба да продолжиме со нови иницијативи по тој пат, во заштитата на јавното здравје и за брза трасформација и развој на економијата, рече Оливер Спасовски носител на Втората изборна единица.
– Една стратешка цел целосно реализиравме – членството во НАТО. Втората стратешка цел е отпочната – одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Ја покренавме економијата, додека решававме стартешки прашања за државата. Го осигуравме македонски јазик, идентитетот, државата ја осигуравме на светската карта на држави. Ги заштитивме граѓаните и државата во здравствено-економската светска криза од најцрните сценарија, се грижиме за јавното здравје и не дозволивме никој да е оставен без егзистенција.Нашиот концепт е сигурност – рече Спасовски.
Тој рече дека опонентите нудат грабеж на парите на граѓаните, криминал, мрачни времиња, меѓународна изолација, режим.
– Концептот на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести и конструкции. Што ќе речат од ВМРО-ДПМНЕ – ќе го вратиме режимот?! Затоа лажат. Тие кога беа власт се однесуваа неодговорно и во опозиција се однесуваат неодговорно, затоа се опасност за државата и граѓаните. Ние покажавме како чесна и одговорна влада се грижи за сигурноста на граѓаните и државата. Нема друга опција за правиот пат – сигурноста е опција за граѓаните и државата. На прав пат сме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро – истакна Спасовски.