Спасовски: Компромис со Уставот нема, изборите треба да се одржат 60 дена од распуштање на Собранието

356

Компромис со Уставот нема. Уставот е јасен дека во рок од 60 дена од распуштање на Собранието треба да се одржат парламентарните избори, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Карбинци.

– Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната состојба, по 22 дена ќе се одржат изборите – истакна Спасовски.






Според него, владата до крајот на неделата ќе одлучи дали ќе има прогласување нова трета вонредна состојба која, како што рече, е потребна пред сѐ за спроведување на економските мерки.

– Јас очекувам дека сите ќе бидат доволно разумни, политички мудри да разберат дека овие парламентарни избори треба да се одржат во моменти кога тоа е можно и врз основа на Уставот и законот и врз основа на оваа здравствена криза – потенцира Спасовски.

Поврзани содржини