– Ја изведовме државата на патот што значи иднина сигурност и просперитет. Го срушивме режимот. Покажавме што значи визија и храброст, мудри и храбри одлуки. Воспоставивме едно општество за сите во кое што секој е важен. Тоа е ИЕ 2, Македонија во мало, покажуваме како треба за заеднички да живееме, тоа е концептот на сигурност. Овде сите заедно праќаме порака како треба заедно да се живее и работи. Овде кога говориме за „наш“ човек, говориме за човек кој се грижи за сите. „Наш“ е секој кој ги разбира маките и сака да најде решение, што може да разговара и во Старо Нагоричане и во Куманово и во Арачиново и во Липково и во Шуто Оризари, Чучер Сандево, Ѓорче Петров. На другата страна ја имаме истата ВМРО-ДПМНЕ што ја држеше земјата во режим, крадеа, уценуваа. Тоа што го нудат денес е опасност е Опасност, враќање на режимот. Сакаат да `не вратат во мрачни времиња, сценарија и поделби. Немаат став. Креираа лажни вести. Правеа пропаганда. Наштетуваа на државата. Знаеме зошто го прават – има одговор, дали може да речат „ние нудиме да го вратиме режимот? – рече Спасовски.
Ако можевме да влеземе во НАТО, можеме и во ЕУ, ако додека се справувавме со овие важни прашања, ги стабилизиравме институциите, можеме уште повеќе и уште подобро, додаде Спасовски.
– Нудат обнова, но обновата почна пред три години кога го симнавме режимот од власт. Затоа треба да го допоразиме режимот и да им оставиме простор во следните 4 години да се реформираат, да бидат партија којашто кога е потребно за националните интереси, да застане зад граѓаните. Важно е оваа прогресивна опција да продолжи – порача Спасовски.
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски како едно од поголемите вложувања во општината ја посочи изградбата на најголемата зграда за 300 социјални станови.