Спасовски: Добивме информација дека ќе се вратат 200 лица, но се вратија 10

786

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека добиле информации за двесте граѓани дека ќе се вратат во земјава, но дека се вратиле само 10.

– Добивме информации од сите луѓе кои тргнале. Се испостави дека не се двесте туку 10 лица. Имаме забрана за патување со минибус, но тоа не се почитува и покрај забраната – рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.






Тој призна дека условите не се најдобри во касарната Пепелиште на Криволак, но дека таму каде што се донесени луѓето условите се добри за првична изолација.

Поврзани содржини